Можеме ли да се размножуваме во Вселената?

Научниците од НАСА ги интересира дали луѓето можат да се размножуваат во Вселената.

Неодамна, заедно со 2500 кг. залиха и експерименти, испратија и неколку примероци од сперма во ракетата Фалкон 9 на Меѓународната вселенска станица.

НАСА се обидува да навлезе во проблематиката која ги мачи научниците откако сфатија дека луѓето можеби ќе живеат во Вселената, или барем ќе патуваат на продолжени вселенски одмори. Конечно, дали е возможна репродукција на човекот во Вселената?

Бидејќи луксузните вселенски хотели и долготрајните мисии на Марс стануваат реалност, добро е однапред да се истражат прашањата во врска со размножувањето на луѓето.

Во рамките на мисијата, наречена Micro-11, астронаутите во Меѓународната вселенска станица ќе тестираат дали примероците од човечка сперма ќе може доволно брзо да се движи за да се поврзе со јајце клетка во MicroGravity Science Glovebox. Астронаутите ќе ги следат експериментите, а снимките ќе ги испратат назад на Земјата за да бидат анализирани.

Тие експерименти се важни бидејќи постојат докази од претходните направени експерименти дека недостатокот на гравитација може да го отфрли начинот на кој спермата функционира на Земјата. Иако спермата во микрогравитацијата може слободно да се движи, најголем предизвик може да биде спојувањето на спермата со јајце-клетка.

Не е прв пат да се проучува сперма во Вселената. Минатата година НАСА откри дека смрзнатата сперма од лабораториски глушец ја преживеала 9 месечната посета на Меѓународната вселенска станица, па со нејзина помош не успеале да развијат здрав глушец покасно на Земјата.

Научниците исто така покажаа дека во вселената уште 1998 година успешно се репродуцирани безрбетници кои својот животен циклус го поминале во Меѓународната вселенска станица цели 4 месеци.

Дури и кога ќе разбереме како спермата се однесува во вселената, и натаму ќе поставуваме додатни прашања. Дали едно лице може да го преживее раѓањето во микрогравитација? Како да се надмине големата количина зрачење во универзумот? Дали недостатокот на гравитација ќе влијае на раниот развој на децата?…

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,236од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.