Како машките пауни го поминуваат своето време во сезона на парење?

Со тие екстравагантни пердуви и нивните шоу-изведби, сигурно помислувате дека пауните во текот на целиот ден се шетаат покрај женките. Сепак испаѓа дека поголемиот дел од денот го поминуваат во машко друштво.

Еволутивните биолози од Тексас A&M Универзитетот имале за задача да стават GoPro-esque камери на главите на 14 Индиски пауни и да останат на нив во текот на сезоната на парење, со цел да ги следат нивните движења на очите и линијата на очите за да видат што најчесто забележуваат.

Резултатите покажале дека машките пауни поминуваат 27.9 отсто од нивното време гледајќи во нивните машки ривали, 43.4 отсто гледајќи во околината, и само 3.1 отсто барајќи женки за парење. Останатите податоци не биле анализирани поради грешки со камерите. За женките може да се каже дека имаат неверојатно слични погледи на патот при оценувањето на мажјаците.

Поголемиот дел од погледот на пауните бил насочен кон долниот дел на екстравагантната опашка на другите мажјаци. Истражувачите веруваат дека ова е добар показател за улогата на големината на опашката и телото при избор на потенцијален ривал. Потврда имаат бидејќи женките исто така најчесто гледале во опашката на мажјаците.

Претходните истражувања, исто така покажале дека мажјаците со подолги опашки се поуспешни при добивање на територија и градење односи.

Поддржете ја нашата работа: