Како расите на кучиња ја стекнуваат својата популарност?

Според истражувањето на Америчкиот кинолошки завод, најпопуларно куче, барем кога е САД во прашање е лабрадор ретривер. Лабрадорот се наоѓа на првото место најпопуларни кучиња веќе неколку децении.

Што ја одредува популарноста на кучето?

Податоците се земени врз основа на регистрирани кучиња во оваа организација. Во осумдесетите години, најпопуларна раса била англискиот сетер. Но, денеска оваа раса се наоѓа на 87. место на листата од 187 видови кучиња.

Стручњаците кои се занимаваат со оваа проблематика, популарност на кучињата наведуваат дека здравјето и однесувањето не се пресудни колку филмската продукција. Имено, расата која се појавува во успешните филмови може да ужива во популарноста со децении.

Најдобар пример и најголема популарност има забележано шкотскиот овчар Леси, после филмот во кој се појавува. Меѓутоа ваквата популарност може да предизвика и спротивни ефекти. Филмот 101 далматинец, наеднаш го зголеми интересот за прсканите по боја далматинци, но колку беше голем интересот толку силно и одекна искуството на сопствениците кое покажа дека тие се премногу енергични и нивната популарност опадна.

Најпопуларни раси на кучиња

Ова се најпопуларните раси на кучиња во САД по децении:

1910 – Бостонски териер
1920 – Германски овчар
1930 – Бостонски териер
1940 – Кокер шпаниел
1950 – Бигл
1960 – Пудлица
1970 – Пудлица
1980 – Кокер шпаниел
1990 – Лабрадор ретривер
2000 – Лабрадор ретривер
2010 – Лабрадор ретривер

Во соработка со: Gostivarpress.mk

Поддржете ја нашата работа: