Капсулата „Dragon“ се врати на Земјата

Капсулата  „Dragon“ на приватната вселенска компанија СпејсЕкс, се врати на Земјата во неделата (19 март), со спектакуларно спуштање  во Тихиот океан, откако ја заврши мисијата на Меѓународната вселенска страница(МВС).

Од МВС капсулата била одвоен со помош на роботска рака од страна на Астронаутите Томас Пескет од Франција и Шејн Кимбру од САД. После  пет часа „ безбеден лет“, капсулата  со падобран се спуштила во море , во близина на брегот на Калифорнија  од каде била извадена и префрлена на брод.

Капсулата „Dragon“ беше лансирана пред еден месец со два тони товар од храна и инструменти за потребите на станицата. На Земјата се врати со исто толку товар, кој главно се состои од  опрема и завршени научни експерименти кои детално ќе се проучуваат во лабораториите на Земјата.

Покрај другото, товарот се состои од   примероци од ткиво и коски после тестирање за регенерација во бестежинска состојба, прототип ласер за побрз пренос на податоци  и прототип компјутер кој би требало да биде отпорен на радијација.

„Dragon“ е првата капсула лансирана со комерцијална ракета од комплексот 39A  во вселенскиот центар Кенеди на НАСА.Од истата платформа беа лансирани Аполо мисиите на месечината и други вселенски летала.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,951.75 ден.приближно по тековен курс · 07.11.2026 16:36

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.