Научниците откриле дека дополнителната оксигенација може да ја инхибира акумулацијата на аденозин во туморската микросредина, предизвикана од хипоксија и ја ослабува имуносупресијата. Ова може да ја подобри имунотерапијата на ракот и да го намали туморот, преку ослободување на антитуморските Т-лимфоцитите и природните клетки убијци.
„Ова откритие може да го смени моделот на досегашниот повеќедецениски развој на лекови кој не беше многу успешен. Многу ветувачки е тоа што нашата метода може многу брзо да се имплементира преку клинички тестирања на ефектите од оксигенацијата во комбинација со различни типови од веќе постоечката имунотерапија за рак“- вели д-р Ситковски.
Овие наоди се надоврзуваат на претходно откритие на д-р Ситковски. Тој открил дека рецепотор на површината на имуните клетки –(А2А аденозински рецептор) ги спречува Т-клетките да го нападнат туморот и ги „успива“ клетките – убијци што ќе успеат да навлезат во туморското ткиво.
Неговиот последен труд покажува дека со вдишувањена на воздух со 40 – 60 % кислород, (воздухот има 21% кислород) ја ослабнува заштита на туморите што ја добиваат преку -А2А аденозинските рецептори и ги „буди“ Т- клетките со што тие повторно ја стекнуваат способноста да го нападнат туморот.
„Дополнителното вдишување на кислород, ја отвора вратата од тврдината на туморите и ги буди „заспаните“ анти-туморски клетки, што им овозможува на овие „војници“ да навлезат во тврдината и да ја уништат“ – вели д-р Ситковски. „Сепак – додава тој – ако анти-туморските имуни клетки не се присутни, кислородот нема да има влијание“.
Ситковски натаму додава дека ефектите од дополнителната оксигенација може дури и да бидат појаки ако се комбинираат со една синтетичка супстанција што тој ја нарекува „супер кофеин“, за која е познато дека го блокира заштитниот ефект што туморот го добива од аденозин рецепторите. Тој заедно со д-р Греам Џонс, професор и шеф на одделот за хемија и хемиска биологија на Универзитетот Нортистерн, моментално работат на создавање на нова генерација на овој лек кој првично беше создаден за болните од Паркинсонова болест.
„Анти-туморските ефекти од дополнителниот кислород може уште повеќе да се подобрат преку природниот антагонист на А2А аденозинските рецептори, што во овој случај е кофеинот во вашето кафе“- вели д-р Ситковски. „Луѓето пијат кафе бидејќи кофеинот ги спречува А2А аденозинските рецептори да нѐ успијат“- додава тој.
Истражувањето е објавено во “Science Translational Medicine“