Кој го хакираше Америчкиот систем за избори ?

Според новиот извештај на Американското „FBI“ најмалку две дата бази од две Амерички сојузни држави биле хакирани.

Според „FBI“ нападот го имаат извршено или хакери поддржани од Русија, или се работи за криминалци кои сакаат да ги дознаат јавно недостапните даночни податоци за луѓето и подоцна да ги искористат за криминални активности.

Извештајот не кажува за кои точно држави се работи, но новинарите претпоставуваат дека се работи за Илиноис и Аризона кои претходно беа мета на слични напади.

За Илиноис со сигурност се знае дека се украдени податоците на преку 200.000 гласачи уште пред еден месец пред властите да ја затворат базата на податоци.

Ова е уште еден доказ за моќта на напредните технологии и ова е само уште едно наговестување дека на претседателските избори во САД оваа година можеме да очекуваме досега невидени ситуации.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt