Кој прв ќе стигне на Марс?

Пред помалку од една недела откако основачот на „SpaceX“ Илон Маск ја објави својата визија за пренос на луѓето до Марс, ривалската воздушна компанија вели дека планира да го победи Маск (и сите други) во оваа трка.

„Јас сум убеден дека првиот човек што ќе стапне на Марс ќе пристигне таму со ракета на „Boeing“ – изјавил Денис Муленбург, извршниот директор на „Boеing“ (еден од најголемите конкуренти на „SpaceX“) на една конференција.

„Boeing“ има добра основа, вклучувајќи ја и Месечината, бидејќи тие ја изградија ултра моќната ракета „Saturn V“ која ја надмина опремата и астронаутите од Аполо-ерата до Месечината и назад.

НАСА исто така го контактираше „Boeing“ за изградба на сличниот огромен Систем за воздушно лансирање (SLS) кој треба да биде способен за испраќање до 20 метрички тони (колку 5 големи возрасни слонови) на Марс откако ќе дебитира во 2018-тата година.

Во меѓувреме, „SpaceX“ планира да ја дебитира својата најмоќна ракета досега – „Falcon Heavy“ на почетокот на 2017-тата година, и покрај неодамнешната експлозија на местото на полетување и тековната истрага. Ракетата треба да биде способна да подигне околу 13 метрички тони на Марс.

space-launch-system-sls-vs-falcon-heavy-rocket-spacex-nasa

Според изјавата на Маск за време на неговиот говор на 67-миот Меѓународен астронаутски конгрес во Гвадалахара, Мексико – „SpaceX“ може да започне со испраќање на безекипажните капсули „Dragon“ на Марс помеѓу 2018 и 2020-тата година, а потоа да ги прати првите луѓе на црвената планета во 2022 г.

Сето ова, всушност и не му пречи на Маск. „Мислам дека всушност е многу подобро за светот да има повеќе компании и организации за градење на овие меѓупланетарни летала. Колку повеќе толку подобро. Се’ што ја подобрува можноста за во иднина е добро. Па, всушност, и сакав да ја опишам архитектурата, со надеж дека ќе потикнам други компании и организации во светот да направат нешто вакво“- изјавува тој.

Сепак, која било компанија да пристигне прва на Марс, НАСА е таа што најмногу ќе бенефитира. Со повеќе можни опции за да се стигне до црвената планета, Агенцијата може многу брзо да напредува во разбирањето на тој свет.

Оваа статија е објавена во „Business Insider“.

Поддржете ја нашата работа: