Која музика благотворно делува на детскиот мозок?

Децата кои свират виолина или пијано би можеле да научат нешто повеќе од Моцарт. Тим од психијатри од Универзитетот во Вермонт открива дека музиката може да им помогне на децата да го задржат своето внимание, да ги контролираат емоциите и да ја намалат нервозата.

Професорот по психијатрија и директор на Центарот за деца, млади и семејство во Вермонт, Џејмс Хуџиак и неговите колеги, меѓу кои и д-р. Мету Албу и студентката Ејлин Крихан, го нарекоа своето истражување “најголемото истражување поврзано со музичките инструменти и развојот на мозокот”.

Истражувањето е продолжение на работата на Худиџик со Националниот институт за здравство во врска со проучувањето на нормалниот развој на мозокот. Користејќи ги нивните податоци, тимот анализирал слики на мозокот на 232 деца на возраст од 6 до 18 години.

Како децата растат, кората – надворешниот слој од мозокот ја менува дебелината, Худиџек и неговиот тим откриле дека дебелеењето или тенчењето на мозочната кора во одредени делови на мозокот одговара на состојби како нервоза и депресија, проблеми со недостатокот на внимание, агресија и контрола во однесувањето, дури и кај здрави деца – оние на кои не им е дијагностицирана ментална болест.

Со ова истражување, Худиџек сакал да види дали позитивната активност, како вежбање, изведување на музика, може да влијае на тие индикатори на мозочната кора.

Поддржете ја нашата работа: