Колибрите имаат чудо од јазик (+видео)

И со право.Но на ова супер-споро видео се покажува дека и нивниот бизарен  јазик со кој собираат нектар е исто така прилично  фасцинатен – и многу  понеобичен отколку што се мислеше.

Скоро 200 години , научниците веруваа дека колибрите го користат својот јазик во спори „капиларни“движења за да го впијат нектарот , но научниците кои го направиле видеото велат дека јзикот дејствува повеќе како пумпа за цицање на нектарот.

Откривме дека всушност постои  микро-пумпа што ја трансформира формата на јазикот и таа трансформација во формата е тоа што ја влече течноста внатре“ – вели др.Алехандро Рико-Гавара , научник од Универзитетот во Конектикат и водач на истражувањето , за магазинот „Discover“.

Со помош на супер-брзи камери , научниците ги снимале јзиците од 18 видови на колибри додека  пиеле течност од транспарентни , вештачки направени цветови.

Анализата на видеото покажала дека јазикот од секој од колибрите добива форма на тенка бразда слична на цевче , што малку отекува кога ја извлекува и ја „пумпа“ течноста во устата на птицата.

Истражувачите ја тестирале нивната теорија на „пумпа“ преку споредба на комјутерски модел на микро-пумпа  и комјутерски модел од претходната „капиларна“ теорија.Споредбата покажала дека моделот на микро-пумпа им овозможува на колибрите да собираат нектар многу брзо – и до 20 пати во секунда.

Според истражувачите , податоците собрани со ова истражување , претставуваат досега најголем збир на податоци во врска со механизмот со кој  се хранат  колибрите.Тие веруваат дека ова ќе донее подобар увид за релацијата помеѓу цветниот нектар и птиците.

Нектарот е еден вид на поткуп.Тоа е награда за колибрите за да доаѓаат  често  и да делуваат како опрашувачи на другите цветови од ист вид“- вели др.маргарет Рубега , професор по екологија и еволутивна биологија и ко-автор на истражувањето.

Истражувањето е објавено во „Proceedings of the Royal Society“.


Поддржете ја нашата работа: