Откриено стебло што “јаде” птици!

Карипските острови со својата убавина и идилични плажи привлекуваат многу посетители. Поради зеленилото, густите шуми и големиот број растителни и животински видови, некои велат дека Карибите се рајот на Земјата. Но, се чини дека за птиците не е ист случај. Имено, на некои острови, во нивните густи шуми расте дрво кое ги фаќа и убива птиците. Потоа се храни со нивните остатоци.

Ова дрво припаѓа на видот Pisonia, а научниците неодамна откриле две големи стебла, скриени во шумите на Порторико. Овој остров е релативно мал и многу проучуван, па заради тоа откритието е доста интересно.

Како што објаснуваат научниците, она што може да се види во близина на стеблата е земја покриена со ситни коски и остатоци од птици. Место обраснато со гранки.

На наведената фотографија е претставена птица која се обидела да направи гнездо на стеблото, чии семиња се залепиле на неа во обид да избега.

На стеблото расте плод кој е леплив и покриен со пупки. Плодот обично се лепи за крилјата на птицата која притоа не успева да одлета. Ова се случува поради тоа што, кога падне на земјата, лепливиот плод привлекува инсекти. Кога птицата ќе ги види инсектите, во истиот момент започнува нејзината агонија. Таа не може да лета поради лепливата материја. Со процесот на гниење, се збогатува земјата околу стеблото кое ја добива неопходната храна.

Понекогаш птиците не стигнуваат до земјата, туку остануваат да висат на гранките. Кога ќе ги забележат други птици, нив ги чека истата судбина.

Овие два вида на стебла го добиле називот Pisonia horneae и Pisonia roqueae во чест на ботаничарката Frances W Horne и dr. Anna Roque Duprey.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt