Колку навистина е штетна солта?

A woman adding salt to a plate of pasta

Истражувањето направено од Универзитетот во Делавер, а објавено во „Journal of the American College of Cardiology“, покажува дека и кога крвниот притисок не е покачен, исхраната богата со натриум може да има неповолни ефекти врз одредени органи меѓу кои и крвните садови, срцето, бубрезите и мозокот.

Крвниот притисок различно реагира на промените на количеството на натриум во исхраната, па оттаму е и концептот за крвен притисок „сензитивен на сол“. Не постојат стандардизирани директиви како сензитивноста да се класифицира кај поединци, но ако крвниот притисокот се зголемува во периоди кога се конзумира храна богата со натриум, а се намалува во периодите кога е намалено нивото на натриум во исхраната, тоа лице се смета за „сензитивно на сол“. Ако нема промени во притисокот и при намалено количество на натриум во исхраната, лицето се смета како „резистентно на сол“. Сепак штетните ефекти од  храната богата со натриум врз одредени ткива и органи се јавуваат и во случаите кога лицата се резистентни на сол.

Потенцијалните ефекти врз крвните садови се однесуват на намалување на функцијата на ендотелот или внатрешната обвивка на крвните садови. Ендотелот учествува во повеќе процеси, меѓу кои коагулацијата, атхезијата на тромбоцитите како и функцијата на имунолошкиот систем. Зголеменото количество на натриум во исхраната може да ја намали еластичноста на крвните садови. Претходни истражувања веќе покажале дека зголеменото количество на сол во исхраната ја оштетува и функцијата на малите крвни садови. И во двата случаја овие ефекти се независни од промените на крвниот притисок.

salty-saltГолемото количество на натрим во исхраната исто така, може да доведе до лева вентрикуларна хипертофија, или проширување на мускулното ткиво што го сочинува ѕидот на главната комора за пумпање на срцето. Тоа со време доведува срцето да не може да пумпа доволно силно како здравото срце.

Високото ниво на натриум ја намалува и функцијата на бубрезите. Падот се забележува и при минимално покачување на крвниот притисок.

Хроничното зголеменото ниво на натриум ги сензибилизира и симпатичкиот нервен систем, што предизвикува појак одговор на различните стимулуси, меѓу кои и контракциите на скелетната мускулатура. И во случаи кога крвниот притисок не е покачен, зголемената функција на симпатикус може да ги оштети органите на кои влијае.

Eat less salt, but not too much less.

Поради евидентните докази кои го поврзуваат зголеменото внесување на натриум со покачување на крвниот притисок и болестите на срцето, Американската Асоцијација за срцеви заболувања препорачува внесот на натриум да биде помалку од 1500 милиграми дневно.

За почеток добро би било да се тргнат од масите за јадење, но тоа веројатно нема да биде доволно. 70% од натриумот се внесува преку преработената храна, а тука спаѓаат и намирниците кои вообичаено не се сметаат за солени како што е лебот и житарките. Храната во рестораните обично содржи повеќе сол од домашната храна.

„Сепак откажувањето од навиките да се конзумира солена храна не е лесно и нема да се случи преку ноќ. Потребна е координирана акција во која ќе бидат вклучени производителите и преработувачите на храна, рестораните, како и зголемена едукација“ – нагласуваат истражувачите.

Поддржете ја нашата работа: