Доколку сте воодушевени од новогодишните огномети, пробајте да гледате утре вечер подолго во небото бидејќи постои огромна можност да видите комета која поминува околу Земјата секои пет години!
Кометата, наречена „Comet 45P/Honda-Mrkos-Pajdušáková“, е поставена да се појави некаде во близина на полумесечината на 31 декември. За жал, освен со телескоп нема да е видлива со голо око.
Додека кометите историски се сметаат за “лоша иднина“, кометата „45P“ не претставува закана за Земјата. Топката од мраз и прашина се’ уште ќе биде оддалечена на милиони милји од нашата планета кога ќе го прави прелетот околу неа.
Овие “периодични комети” се наоѓаат на предвидливи патеки околу Сонцето и се идеални за набљудување. (Халеевата комета на пример, е исто така периодична комета).
Кометата „45P“, како и другите комети, се смета дека е мешавина од парче мраз и камен од почетокот на Сончевиот систем. Прв пат се појави на 15 декември кога беше видлива во близина на ѕвездениот кластер „M75“.
Кометата нема да биде единствената глетка на небото на 31 декември.
Марс, кој е видлив во повеќе месеци ќе изгледа како да е веднаш до Нептун, иако во реалноста овие две планети се оддалечени милиони милји една од друга.
Венера, која може да се маскира како светла ѕвезда во раните утрински часови или пред стемнување, исто така, ќе биде видлива на западното небо заедно со Нептун и Марс на новогодишната ноќ.
“Преку телескоп, ‘рѓосано црвениот Марс и сино-зелените бои на Нептун изгледаат неверојатно”, велат од НАСА.