![]() | Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот |
ЗГ „Центар за климатски промени“ – Гевгелија во рамките на проектот „Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на живот (WasteEDU)“, објави конкурс за најдобро кратко видео на тема „Типови на отпад, селектирање на отпад и рециклирање на отпад“.
Целта на овој конкурс е да се зголеми интересот помеѓу младата популација за прашања кои се поврзани со намалување на количините отпад кои секојдневно се создаваат, прашања поврзани со спречување и рециклирање на отпадот, да се подобри свеста и знаењето на младите генерации за теми поврзани со заштита на животната средина и воедно да се поттикне директна вклученост на младите луѓе во кампањи за заштита на животната средина.
На конкурсот се пријавија осум од вкупно дванаесет поканети основни училишта од Југоисточниот плански регион, при што секое училиште имаше право да испрати неограничен број на видеа. Комисијата за евалуација на пристигнатите видеа беше составена од основните училишта кои беа поканети да учествуваат на овој конкрус и има можност да гласаат за три најдобри видеа според нив.
Првите две места ги освоија:
- ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Иловица со видеото Пластична кеса, не благодарам -1
- ООУ „Петар Мусев“ – Богданци со видеото Чисто срце – Рајска околина
Прво рангираното училиште ќе учествува на три дневен „Зелен камп“ во Р. Бугарија – кое ќе биде организирано во градот Сандански во периодот од од 27 до 29 октомври 2017 година.
Второ рангираното училиште ќе учествува на три дневен „Зелен камп“ во Р. Македонија – кое ќе биде организирано во хотел Истатов, Дојран од 6 до 8 октомври 2017 година.
Во рамките на овој конкурс се изработени вкупно 11 видеа од 8 училишта од Југоисточниот плански регион. Сите видеа се од голема важност за проектот бидејќи во голема мера придонесуваат за едукација и подигнување на свеста за правилното постапување со отпадот кој го создаваме. Видеата се поставени на интернет порталот на проектот за да можат непречено да се прегледуваат и да се користат за едукативни цели.
Целта на кампот е запознавање и подигнување на свеста кај учениците од основните училишта во прекуграничната област на Р. Македонија и Р. Бугарија за управувањето со отпад, неговото намалување, спречување, селектирање и рециклирање. На зелениот камп ќе бидат организирани тематски работилници за изработка на фигури од отпад, игри и натпревари за правилна селекција на отпадот. Во рамки на кампот ќе биде промовирана и тренинг програмата за управување со отпад наменета за едукација и подигнување на свеста на учениците за правилно постапување со отпадот. Тренинг програмата е наменета за неформално образование за учениците од 6-то до 9-то одделени во Р. Македонија, односно за учениците од 5-то до 8-мо одделение во Р. Бугарија.
За подетални информации за проектот и тековните активности посетете го интернет порталот на проектот www.waste-edu.eu
![]() | ![]() |
| Овој проект е кофинансиран од Европската унија преку Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија Оваа публикација е остварена со помош на Европската Унија. За содржината на оваа публикација одговорност носи исклучиво ЗГ „Центар за климатски промени“ – Гевгелија и не може во никој случај да го одразува ставот на Европската Унија. | |



































