Копија на Титаник направена од 56 илјади лего коцки

Десетгодишниот Бринар Карл од Исланд, кој боледува од аутизам, го изградил најголемиот брод со лего коцки или копија на познатиот брод „Титаник“. За ова дело, на Карл му биле потребни 56 илјада коцки.

Инаку, се работи за копија долга 8 метри и висока 1,5 метри. Карл вели дека играл со лего коцки кога имал само 5 години. Порано повеќе ги сакал возовите, но се се променило кога дедо му го земал со себе на риболов, од каде и се појавила кај него љубовта кон бродовите.

Кога имал 10 години, тој веќе знаел се за бродот „Титаник“, при што одлучил да изградил слична копија на омилениот брод.

Беше убав, голем и брз. Се обидов да направам брод сличен на „Титаник“, само што во ограничена серија“вели Бринар Карл Биргисо

Неговиот проект веќе стана фамилијарна работа каде помош дале дедото и неговата мајка.

Поддржете ја нашата работа: