Коронавирус прогласен за итен случај од СЗО!

Светската здравствена организација го прогласи избувнувањето на коронавирусот итен случај, по скоро 8000 пријавени случаи и докази за пренесување од човек на човек.

„Комитетот смета дека се уште е можно да се прекине ширењето на вирусот, под услов земјите да воведат силни мерки за рано откривање на болеста, изолирање и лекување на случаеви, трага на контакти и промоција на мерки за социјално растојание сразмерни со ризикот“, рече СЗО во изјава.

Одлуката е донесена откако вонредната средба повторно беше усогласена денес во Женева. Ризикот сега се прошири и надвор од Кина, каде за прв пат се појави минатиот месец. Декларацијата е таа која не сакаа да ја превземат претходната недела. Декларацијата им дозволува на земјите-членки на Обединетите нации да ја знаат сериозноста на ситуацијата и да препорачуваат мерки што треба да ги преземат за контрола и спречување на ширење на вирусот.

СЗО ги пофали напорите на Кина да се бори против ширењето на вирусот, прекинувајќи летови од главниот центар на избувнувањето во провинцијата Хубеи за време на новогодишните празници. Сепак, вкупниот број на загинати сега е над 200 лица.

Неодамна, австралиски научници го одгледуваа првиот коронавирус во лабораторија што може да помогне да се забрза развојот на вакцината. Истражувачите велат дека ќе го споделат примерокот со СЗО и лабораториите ширум светот.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.