СЗО: Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа

Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), апелирајќи до Европејците да го намалат внесот на сол.

Тоа изнесува 10.000 смртни случаи дневно, или четири милиони годишно.

„Спроведувањето насочени политики за намалување на внесот на сол за 25 отсто би можело да спаси околу 900.000 животи од кардиоваскуларни болести до 2030 година“, посочува Ханс Клуге, директор на европската филијала на СЗО.

Во Европа, секој трет возрасен човек на возраст од 30 до 79 години страда од хипертензија, често поради големо консумирање сол.

Педесет и една од 53 земји во европскиот регион на СЗО имаат просечен дневен внес на сол над препорачаниот максимум на СЗО од пет грама, или една кафена лажичка, главно поради преработената храна и грицките.

„Високиот внес на сол го зголемува крвниот притисок, кој е водечки фактор на ризик за кардиоваскуларни болести како што се срцев удар и мозочен удар“, соопшти СЗО.

Европа има највисока преваленца на крвен притисок во светот, се вели во извештајот.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,232од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.