Екстремни поплави по должината на крајбрежјето може да станат многу почети доколу нивото на морето продолжи да расте во следните неколку децении, покажало едно ново истражување.
Според проценките на научниците, морското ниво до 2030 година би можело да се подигне за околу 10 сантиметри. Тоа ќе биде доволно бројот на поплави во многу делови од светот двојно да се зголеми, додека во тропските предели ќе се зголеми за дури 25 пати.
Последиците по заедниците и екосистемите во тие подрачја ќе бидат катастрофални, наведуват научниците. Морското ниво годишно сега се подига за околу три милиметри. Иако тоа можеби не изгледа многу, човештвото веќе ги чувствува последиците од зголеменото ниво на водата и ерозијата на крајбрежјето.
Површината на морето се подига бидејќи јаглеродниот диоксид и другите стакленички гасови предизвикуваат пораст на температурите кои го топат ледот. Водата што настанува при тоа влијае на светските океани. Сѐ додека во атмосферата се испуштаат штетни гасови, ќе расте и нивото на морињата.
Цели населени подрачја веќе со години се изложени на чести поплави кои се последица на глобалното затоплување.Тоа и понатаму ќе продолжи и ќе се зголеми, а последиците ќе бидат катастрофални.
Според сегашните проценки морското ниво до 2050 година ќе се подигне за 10 до 20 сантиметри, а до 2100 годна помеѓу 30 и 210 сантиметри.
Истражувањето е објавено во „Scientific Reports“