Квантна физика во кујна

Тимот, предводен од проф. Винфрид Хенсингер, со помош на радијацијата од микробранова, замрзнал атоми со еден полнеж до милионити дел од степенот на апсолутната нула (- 273,15°C). Оваа техника ќе ја поедностави изградбата на квантни уреди, вклучувајќи моќни квантни сензори, ултра брзи квантни компјутери и ултра стабилни квантни часовници.

„Употребата на радијација со долга бранова должина, наместо ласерска технологија, за да се оладат јоните, може значително да го поедностави и забрза процесот на изработка на практични уреди“, вели Хенсингер.

Откако квантната технологија ќе се примени кај практичните уреди, има потенцијал целосно да го смени секојдневниот живот, исто како што тоа го направија компјутерите. Квантните технологии еден ден ќе го револуционизираат нашето разбирање за науката и ќе одговорат на прашањата за потеклото на универзумот, како и другите „нерешени мистерии“.

Замрзнувањето на атомите ги става во состојба кога имаат најмалку енергија. Тоа претставува значаен чекор напред кон искористувањето на чудните ефекти на квантната физика, која им овозможува на предметите да постојат во различни состојби истовремено.

„Покрај тоа што пронајдовме лесен начин за да создадеме атоми со скоро нула енергија, исто така успеавме и да го поставиме атомот во спротивставена состојба каде што истовремено се движи и не се движи“, вели Хенсингер.

Физичарите го развиле овој метод како дел од нивниот обид да изградат квантен компјутер на Универзитетот во Сасекс.

Истражувањето е објавено во „Physical Review Letters“.

Поддржете ја нашата работа: