Колку болка може да издржи човечкото тело?

Без посебен редослед, ви презентираме неколку болни состојби кои предизвикуваат вистинска агонија.

Кластер главоболки – од кои патат околу еден процент од луѓето, претставуваат неподнослови прободни болки, кои се сконцентрирани главно околу едното око. Овие тешки главоболки обично се јавуваат одеднаш, а може да траат од 15 минути до неколку часа. Точните причини за појавата на болките се непознати, но ако некој во семејството има вакви главоболки, не е исклучена наследноста.

Породилни болки – веројатно не треба многу да се објаснува.

Херпес Зостер – е болен осип на кожата кој се јавува ако сте прележале овчи сипници во детството. Вообичаено се јавува кај повозрасни лица и ја зафаќа едната страна на телото. Може да се јави и на лисето и на торзото. Дури и допирот на лесна облека предизвикува неподносливи болки.

Камења во бубрег – тоа се цврсти депозити кои се создаваат внатре во бубрегот, а потоа патуваат низ уринарниот систем. Малите камчиња може да се исфрлат при мокрење и најчесто не предизвикуваат трајни оштетувања. Но оние кои исфрлиле камен од бубрег велат дека го чувствуваат секој милиметер од движењето на камчето.

Камења во жолчка – тоа се друг вид на цврсти депозити, што се создаваат во жолчното ќесе. Може да бидат со различна големина, а проблемите предизвикани од камењата во жолчката се решаваат единствено хируршки.

Апсцес на заб– што предизвикува неподносливи болки, претставува гнојна колекција како последица од бактериска инфекција во каналот на забот. При вакви состојби потребно е да се очистат каналите во забот, а многу често, потребно е забот да се извади.

Невралгија на тригеминус – иако ретка, оваа хронична состојба го зафаќа нервот кој поминува низ лицето. Болката, која најчесто се опишува како удар од струја, со текот на времето кај  повеќето страдалници станува полоша.

Големи изгореници – изгорениците се многу болни, не само кога ќе се случат, туку и за време на заздравувањето. Кај изгорениците од трет степен зафатени се сите слоеви на кожата, заедно со масното ткиво, мускулите, а во некои случаи и коската. Изгорениците од втор степен, кои се сметаат за помалку сериозни можат да бидат подеднакво болни.

Фибромијалгија – е болка која се шири низ мускулите, а проследена е и со главоболка и исцрпеност. Оваа хронична состојба почесто ги зафаќа жените, а една четвртина од луѓето зафатени со оваа состојба не се во состојба да работат.

Спинална пункција – е процедура каде се внесува игла помеѓу два пршлени за да се земе примерок од цереброспиналната течност. Тоа е една од најболните процедури што ја изведуваат докторите.

Тортура – по дефиниција е болка. Тоа е чин каде се предизвикува болка, како форма на казна или како начин да се присили друго лице да го направи тоа што вие сакате. Секој вид на тортура е обично многу болна.

И за крај, ги издвојуваме традиционалните обреди, кои вклучуваат секакви работи, од зашилување на забите, до кастрирање. Ви претставуваме само еден таков пример на ритуал на Амазонските племиња, кој вклучува поставување на рацете во ракавици полни со мравки – куршуми, кои се познати по својот болен убод. Погледнете.

Поддржете ја нашата работа: