Научниците се уште еден чекор поблиску до констатацијата за тоа како изгледале диносаурусите, до најситните детали. Тоа го прават со помош на ласер кој го насочува зракот на фосили на диносауруси со цел да се видат претходно непознатите работи, како што е деталниот преглед на месестите делови на телото. – пишува Mashable.
Во новата студија, оваа техника, истражувачите ја примениле на Anchiornis, мал диносаурус со перја кој живеел во Јура периодот. Според изгледот нозете и рацете кои потсетуваат на птица, научниците мислат дека овој вид на диносаурус можел да лета. Ова откритие нуди нов увид во тоа како денешните птици еволуирале од своите претходници.
Anchiornis, чие име значи “во близина на птиците”, бил со големина на гавран и живеел пред 160 милиони години. По пат на ласерско скенирање на девет фосилни остатоци од овој вид, научниците заклучиле дека нивното тело покажува извонредна сличност со денешните птици.
“Anchiornis е особено погоден за оваа студија, бидејќи неговиот придонес во разбирањето на птици и летечките корени не е разјаснет до крај”, наведуваат истражувачите на студијата.