Третманот за една од најчестите аергии предизвикани од храна сега доби повеќе податоци за работа и истражувања. Околу 1.5 милиони деца во САД се алергични на кикирики, алергијата е често пати толку тешка што и на најмал допир со нив може да предизвика екстремна реакција.
Компанијата DBV Technologies работи на лепенка која оваа реакција значително ја олеснува и чие досегашно тестирање дало одлични резултати.
На конференција на американската академија за алергија, астма и имунологија, биле презентирани резултатите од досегашните студии кои покажале дека 83% од децата со старост од 6 до 11 години кои биле дел од тестирањата (а кои биле алергични), можеле да јадат до 1 грам кикирики без да имаат било каква алергиска реакција период додека ја носат таа лепенка во период од 3 години.
Тоа е 10 пати повеќе од количината која учесниците можеле да ја поднесат (пред да се појави алергиска реакција) на почетокот на тестирањата.
Лекот кој го таргетира имунолошкиот систем се испорачува низ кожата преку процес наречен епикутана имунотерапија – секоја лепенка од внатре е испрскана со примерок од протеин од кикирики, и штом се постави на кожата, тој навлегува во имунолошкиот систем избегнувајќи го крвотокот, што доколку се случи ќе ја предизвика несаканата алергична реакција.
Во декември 2015, компанијата ја започнала 3-тата фаза од тестирањата, каде лепенката се испитува на деца на од 4-11 годишна возраст.
Покрај онаа на кикирики, наведената компанија развива лепенки за третирање на алергии од други видови на храна како млеко и јајца, но и на други алергии кои не се поврзани со храна, но поттикнуваат астма.
Компанијата исто така истражува и третмани поврзани со Хроновата болест и дијабетес тип 1, при што ја користи истата технологија за имунотерапија.