Листови од спанаќ претворени во човечко срцево ткиво ( Видео )

И покрај големиот напредок во техниката на 3Д печатење, најголем предизвик за научниците досега претставуваше да ја реплицираат мрежата од малите крвни садови.

Сега, тим од научници од неколку  американски универзитети успеале да  стигнат многу блиску до решавањето на најтешкиот проблем и да создадат васкуларен систем кој ќе може да носи крв во новото ткиво. Тие успеале да го искористат системот за пренос на течности  во лист од спанаќ и да создадат функционално човечко срцево ткиво.

Во текот на едно истражување, тие дошле до заклучок дека   растенијата претставуваат одличен начин да се реконструра системот во човечкиот организам за пренос на крв.

Иако телесните течности и хемиските супстанции кај човекот и животните се пренесуваат на поинаков  начин, структурите кои служат за тоа се многу слични.

За да го создадат вештачкото срце научниците прво ги извлекле растителните клетки од лист од спанаќ, а потоа во жилите на спанаќот вбризгале течност, микрозрнца слични на човечките крвни клетки и човечки срцеви клетки кои го формирале срцевото ткиво.

spinach leaf drained of cells timelapse

Истата техника еден ден би можела да овозможи создавањена здрав  слој од срцев мускул за третирање на пациетнтите  кои доживеале  црцев удар.

Истражувањето е објавено  во мај 2017 , во списанието  „Biomaterials“.

Поддржете ја нашата работа: