Сладоледот кој поволно делува на срцето и крвните садови

Сладоледот е омилен десерт на многу луѓе, но често се нагласува дека и не е баш добар за здравјето. Благодарение на научниците, лекарите во иднина веројатно ќе ги советуваат пациентите кои боледуваат од срце да јадат сладолед.

Поточно, научниците смислиле вид на сладолед кој го подобрува протокот на крв и го намалува стресот на срцевите клетки. Сладоледот ќе содржи растителни соединенија полифеноли кои ќе ја имаат клучната улога во спречување на срцеви и мозочни удари.

Многу студии покажале дека полифенолите поволно влијаат на крвните садови. Тие се антиоксиданси кои обично можат да се најдат во црвеното вино, темното чоколадо, зеленчукот и јаткастите плодови, но недоволно се застапени во секојдневната исхрана.

До оваа идеја, научниците дошле бидејќи полифенолите се задржуваат подолго во храна на ниски температури. Експертите од Универзитетот во Рим, одбрале 14 волонтери кои учествувале во студијата, и им дале сладолед во кој се наоѓало голема количина на какао во прав, екстракт од лешник и зелен чај.

После внесот во крвта има се зголемило нивото на азотен оксид, кој помага во одржувањето на здравјето на артериите. Имале подобрен проток на крв и зголемена физичка издржливост, додека кога јаделе обичен сладолед немале никаков бенефит.

Сепак, експертите посочуваат дека дневна доза на сладолед полн со антиоксиданси не може да ја замени балансираната исхрана.

Студијата е објавена во списанието Nutrition.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,235од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.