Пријатните, срдечни и љубезни луѓе имаат помала заштеда, повеќе долгови, повеќе доцнења со отплатата на кредитот и поголема веројатност за банкрот.
Студијата која ги поврзувала особините на луѓето со податоците за нивните финансии, го открила она што е набројано во горенапишаното во целост.
Сандра Матс, компјутерски научник од Columbia Business School во Њујорк за наведеното истражување соработувала со колегата Д-р. Џо Гладстон. Користеле компинација од прашалници и банкарски записи, што претставува начин за да се разбере кои испитаници имаат финансиски потешкотии.
Поврзувајќи ги личните податоци на милиони луѓе од САД и Велика Британија со банкарските податоци, установиле дека освен оние со ниски приходи, луѓето кои се премногу љубезни имаат финансиски потешкотии.
Матс смета дека таквите финансиски кризи се должат на тоа што љубезниот човек почесто користи картичка и позајмува пари на луѓе кои не се во состојба да си приуштат некои работи.
Прашањето кое се поставува после ова истражувања е – како овие луѓе да станат помудри?
“Еден од начините е истите да се убедат дека поради пари немаат гриижи само тие, туку и семејството на таквите личности. Се грижиме за луѓето кои ги сакаме, а недостатокот на пари нема да влијае само на таквата личнот туку и на неговото семејство”, заклучува Матс.
Исто така Матс ја појаснува проблематиката за плаќањето на сметките. “Тоа е всушност прашање на договор. Плаќањето би требало рамномерно да се распореди. Тој однос гради вистинска врска која не е еднонасочна улица.”