Според едно ново истражување предводено од Универзитетот во Калифорнија, Риверсајд, мајчиното млеко ги учи клетките на бебињата да се бранат од инфекции.
„Тоа всушност функционира како вакцинација, но без вистински да се вакцинира бебето“, објаснува главниот истражувач.
Овој т.н. мајчин едукативен имунитет префрла имунолошки клетки од мајката во млекото, кои потоа ги учат клетките на бебето да развијат имунитет на какви било организми на кои мајката била изложена.
Истражувачите велат дека ова е еден начин на кој бебињата се заштитуваат од инфекции за кои понекогаш е премногу опасно да се вакцинираат во детството. Со вакцинирање на мајката за време на бременоста, всушност се вакцинира и бебето преку млекото, што кај некои случаи, како на пример кај туберколозата, е дури и поефикасно отколку вакцинацијата.
Истражувањето е објавено во „Journal of Immunology“.