Македонскиот тим „Нумеро уно“ на светскиот натпревар NASA Space Apps Challenge

Тимот Нумеро Уно кој е дел од финалистите на NASA Space Apps Challenge 2017 во Скопје се натпреварува на глобално ниво против 140 тимови за освојување на првото место!

Оваа година средношколците доминираа на Nasa Space Apps Challenge. Три тимови од кои два се Judge’s Choice, еден People’s Choice ќе се натпреваруваат за наградата посета на лансирање на ракета и меѓу нив жири комисија и претставници од NASA ќе го изберат победникот.

Тимот Numero Uno ги плени срцата на публиката на овогодинешниот натпревар со своето три минутно видео за нашата планета Земја и ја доби номинацијата за People’s Choice Award категоријата на глобално ниво. Огнен Аревски, Томислав Живковиќ, Никола Стефановски и Емил Славковски работеа на предизвикот “Earth is Cool!” зададен од НАСА, а целта на видеото ја објаснуваат во истото. Преку нивниот видео спот испраќаат силна порака дека земјата е единствена, а воедно и го поставуваат прашањето ЗОШТО е земјата единствена?

Нумеро Уно ќе се обидат навистина да бидат Нумеро Уно и да отпатуваат во Флорида на лансирање на ракета, но за тоа ќе им треба поддршката од сите нас.

Гласајте за нив на следниот начин:

1. Регистрирајте се на следниот линк:
https://2017.spaceappschallenge.org/auth/signup

2. Кликнете на линкот кој ќе го добиете на е-маил.

3. На следниот линк кликнете и држете на копчето “VОТЕ” http://bit.ly/glasamzaNumeroUno

4. Потоа секој ден гласајте по еднаш за нашиот претставник до објавувањето на победниците.

Огромна благодарност до главните поддржувачи на овој настан кои помогнаа да го организираме NASA Space Apps Challenge: Претседателот на Република Македонија, Американска Амбасада во Скопје, Вип, ТАВ ИТ, Нетцетера, FX3X, АЕК, ФИНКИ, ФЕИТ, Горска Вода, Везе Шари, Жито Лукс и Red Bull.

– Овозможено од ВИП.

Поддржете ја нашата работа: