Австралиска компанија дизајнираше машина за перење алишта којашто може да се понесе буквално секаде. Тежи само 70 грама и може да се носи в џеб!
Машината е наменета за оние кои патуваат со малку багаж, а особено е погодна за кампери, планинари и слично.
Во неа може да се стават чорапи, маици, долна облека, кошули и друго. Потоа, се додава вода и детергент и се затвора со систем сличен на ќесите со вакуум. Откако ќе се истисне воздухот, се почнува со рачно триење на ќесата во времетрање од 1-3 минути.
Кога перењето ќе заврши облеката се плакне и се остава да се исуши. Производот е наречен „Скруба мини“, а неговата цена е околу 30 долари.
Поддржете ја нашата работа: