BiWa или кратенка од „Bike Washing“ е статичен велосипед кој го дизајнираа студенти од Кинескиот национален универзитет од збратимениот град на Охрид, Далиан.
Оваа машина која изгледа како обичен статичен велосипед – домашна направа за вежбање, е всушност и машина за перење алишта, која функционира додека човекот врти на велосипедот. Кога го „возите“ овој велосипед, силата на педалата ја ротира главата на машината за перење алишта, а во исто време вишокот на енергија се чува во батеријата и може да се користи за вклучување на дигиталниот дисплеј или за идна намена.
Оригиналниот текст е преземен во соработка со интернет порталот на универзитетот „Гоце Делчев“ UGD life и можете да го погледнете тука.
Поддржете ја нашата работа: