НАСА открива “мега цунами“ од вжештен гас, двојно поголем од Млечниот Пат

НАСА открила топол гас кој се тркала низ далечната галаксија, и вели дека е огромен. Со големина од околу 200.000 светлосни години, бранот е речиси двојно поголем од Млечниот пат, а забележан е во близина на галактичкиот кластер Персеј.

Научниците велат дека бранот се формирал претходно, пред повеќе од неколку милијарди години, откако огромните количини на гас на Персеј заминале во бескрајната празнина на просторот.

До ова откритие научниците дошле со помош рендгенскиот телескоп на НАСА Чандра, во комбинација со радио забелешки и компјутерски симулации.

“Персеј е еден од најголемите кластери во близина и најсјаен кога се набљудува со ренгенски зраци и така материјалите од Чандра, нас ни нудат неверојатни податоци”, вели водечкиот научник Стивен Вокер од Центарот за вселенски летови на НАСА во Мериленд.

Галактичките кластери се структури, кои се меѓусебно поврзани со гравитацијата во денешниот универзум. Со големина од 11 милиони светлосни години и на оддалеченост од околу 240 милиони светлосни години, галактичкиот кластер Персеј е именуван по неговата главна констелација.

Како и сите други кластери поголемиот дел од видливите материи се наоѓаат во облик на гас, а нивната температура се мери со десетици милиони степени.

Опсервациите на Чандра откриле разноликост во структурата на гасот, од огромните меурчиња кои ги испушта супермасивната црна јама, во една необична конкавна форма позната како залив.

Астрономите велат дека конкавниот облик на заливот не може да создаде меурчиња кои ги лансира црната дупка. Радио набљудувањата покажуваат дека структурата на заливот не создава никакви емисии, што е во спротивност од она што научниците го очекуваат од објекти поврзани со активноста на црните јами. Покрај тоа, стандардните модели на вселенскиот гас, типично создаваат структури кои се завртени во спротивна насока.

Научниците откриле и дека големината на брановите е во согласност со силното магнетно поле на кластерот. Ако е премногу силно, брановите не се формираат.

Ова истражување им овозможило на астрономите проучување на просечното магнетно поле низ целиот волумен на кластерот, што е невозможно да се направи на некој друг начин.

 

Поддржете ја нашата работа: