Мистериозниот блесок на Х-зраците во далечната галаксија ги збунува научниците

Астрономите забележале мистериозен блесок на рендгенски зраци во нашата галаксија оддалечени 10.7 милијарди светлосни години.

Овој феномен го открил телескопот на НАСА Чандра за време на најдлабокото сликање на рендгенските зраци, а научниците ги збунува фактот дека блесокот на изненадување се појавил и потполно исчезнал во рок од еден ден.

Експертите сметаат дека ова би можело да биде резултат на потполно нов тип на катаклизмичен настан со експлозија на гама зраци.

Х-зраците се откриени во октомври 2014 година. НАСА тврди дека изворот на CDF-S одненадеж избувнал и експлодирал со сјај кој се зголемил за дури 1000 пати во само неколку часа, а по еден ден избледел под прагот на Чандра.

Со користење на илјадници часовни порано собрани податоци со вселенскиот телескоп Хабл и Спицер, научниците успеале подетално да го одредат изворот на блесок на малата галаксија оддалечена отприлика околу 10,7 милиони светлосни години. Само на неколку минути, овој извор на ренгенско зрачење бил 1000 пати појак од сите ѕвезди во таа галаксија.

“Откако го откривме овој извор, имаме тешкотии во разбирањето на неговото потекло”, вели Франц Бауер од Понтификалниот Католичкиот универзитет во Чиле. “Тоа е како да имате загатка сложувалка, но не со сите потребни парчиња.”

Научниците предложиле три основни објаснувања за овој настан, од кој два се однесуваат на гама зраците. Тоа се експлозии кои предизвикуваат колапс на огромна ѕвезда, или спојување на неутронска ѕвезда со друга неутронска ѕвезда или црна јама.

“Ниту еден од овие предлози не се согласува целосно со податоците што ги имаме”, вели коавторот на истражувањето Eзекјел Триестер. “Но, од друга страна, многу ретко се дава шанса да се видат фактичките детали за предложените опции, така што сеуште не ги разбираме најдобро.”



Поддржете ја нашата работа: