Можат ли имплантите во гради да ве спасат од куршум?

Доколку сте се запрашале која спасувачка улога ја имаат вештачките гради, било тоа да се имплантите силиконски или физиолошки, ова е истражувањето кое треба да го прочитате, а истото се темели на настан за една жена, од пред седум години, кој покрена сомневање дека всушност имплантот ја спасил од куршум во градите.

Имено, жената била застрелана во градите, а изјавата од лекарот гласи дека благодарение на вештачките гради, жртвата е сеуште жива.

Дали споменатиот случај е резултат на среќа или имплантите во дојката навистина можат да штитат од куршуми? Пластичните хирурзи на Универзитетот Во Јута настојувале да ја дознаат вистината поврзана за ова прашање.

Нивната студија, објавена во списанието Journal of Forensic Sciences, се состоела од серија тестови. Пукано е во изиолошки импланти со пиштол со цел да се види, дали имплантот може да заштити доколку траекторијата на куршумот е различна, и кои се можните грешки.

Оддалеченоста на која е пукано е 2,5 метри, а позади лажните дојки ставиле блок од балистички желатин. Тој гел има конзистенција и отпорност како човечко масно ткиво. Исто така е изведено пукањенод иста оддалеченост во балистички гел, само тој пат без физиолошки имплант.

Нивното истражување покажува дека имплантите во градите значајно го намалува продирањето во гелот. Без импланти, куршумот влегол во гелот со длабочина од 40,2 см. Кога напред се наоѓал имплант, куршумот навлегол само 31,9 см. во гелот.

Наведениот доказ упатува на тоа дека имплантот може во добри околности да ги заштити градите од куршум, убоди од нож, паѓање или сообраќајна несреќа.

Сепак лоша идеја е да се помисли дека имплантите во гради се сигурен начин за преживување од пукање. Куршумот и натаму успева да продре во ткивото со длабочина која ќе резултира сигурна смрт. Натаму, докажано е дека оваа жена навистина имала среќа.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,515денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.