Науката ни ја открива перцепцијата на мажите за идеалната големина на женските гради

Мажите, исто како и бебињата се заслепени од женските гради, од различни причини. Бебињата ги гледаат градите како нешто што ги одржува во живот, им дава поддршка и негување, додека пак мажите ги гледаат како „забава“ и како укажувачи на репродуктивните квалитети. Сега, научниците од Карловиот универзитет во Прага сметаат дека перцепцијата на мажите за идеалната големина на женските гради е управувана од истото еволутивно движење – плодноста.

Студијата, објавена во списанието „Evolution & Human Behavior“ покажува дека мажите преферираат убаво градени, цврсти гради наместо оние кои се поголеми и потенцијално се обесуваат со текот на годините.

Ова е изненадувачки, бидејќи претходните истражувања покажуваат дека поголемата големина на градите укажува на поголемо ниво на естроген и естрадиол, што значи дека жените со големи гради се повеќе плодни.

На пример, во едно истражување од 2004 –тата година, жените со мал размер помеѓу половината и колковите и големи гради имале за 30 проценти повисоко ниво на естрадиол, што значи имале три пати поголеми шанси да забременат. По природа, мажите потсвесно ги привлекуваат жените кои се најплодни за репродукција.

Вкупно 267 мажи од различни земји, меѓу кои Бразил, Камерун, Чешка и Намибија биле анкетирани за нивните преферирања на градите. Им биле покажани две групи на слики со различни гради во големина и цврстина. Наодите откриле дека индивидуалните преферирања на градите варирале, но поголемиот дел од учесниците преферирале средни гради по големина, проследени со големите гради и на крај доаѓале малите. Меѓутоа, кога станувал збор за цврстината, сите мажи од сите четири земји силно се залагале за оваа особина.

Според тоа, морфологијата на градите, а не големината, може да му открие на еден маж колку е плодна жената.

Истражувачите објаснуваат дека обликот и големината на женските гради се уникатни меѓу приматите поради нивните постојани масни депозити. Тие теоретизираат дека различната морфологија на женските лица произлегува како директен резултат од машката сексуална селекција. Со други зборови, големината и обликот на градите се наменети да служат како показател за потенцијалот на плодност.

Преферирање на убаво градени и цврсти гради е поврзано со тоа како градите стануваат помалку цврсти со возраста и паритетот. Тоа значи дека и обликот на градите исто така може да служи и како индикатор за „преостанатата плодност“ или менопауза. Загубата на цврстината и плодноста може да е тоа што прави мажите повеќе да ги преферираат средните и цврти гради, наместо поголемите.

Поголемото не секогаш е подобро, кога станува збор за големина на градите, но големината е релативен концепт. Истражувачите се обидуваат да ја откријат поврзаноста помеѓу цврстината на градите и здравјето на личноста. Градите може да служат како добар показател за плодноста, но што точно ни кажува цврстината на градите за здравјето на една жена се’ уште треба да се истражува.

Покрај тоа, мажите се среќни кога гледаат во женските гради без разлика на нивната големина. Во едно истражување со набљудување од 2009 година, истражувачите во Нов Зеланд очекувале мажите да поминат повеќе време гледајќи во гради кои се поголеми од просечните, во споредба со помалите. Сепак, тие откриле дека варијацијата во големината на градите не влијае на бројот и задржувањето на погледот.

И покрај се, повеќето од мажите ги гледаат другите особини како позначајни од големината на градите кога станува збор за привлечноста на една жена.

Поддржете ја нашата работа: