„Креативните достигнувања можат да обезбедат заштита од загриженоста за смртта”-велат психолозите во своето истражување од универзитетот во Кент.
Креативните луѓе, како што е добитникот на Нобелова награда за литература Боб Дилан (Bob Dylan), често се смета дека се мотивирани од желбата да остават трајно културно наследство. Преку нивната креативна работа, креативците како Леонард Коен (Leonard Cohen) и Дејвид Боуви (David Bowie) живеат и после смртта.
Спротивно на тоа, уништувањето на антички споменици и артефакти во Ирак во 2015 година од страна на членовите на Исламската држава може да се толкува како симболичен акт со цел постигнување на високо негативно влијание врз општеството преку уништување на културното наследство.
Новото истражување спроведено од страна на Ротем Перах (Rotem Perach), научник, дипломиран на факултетот за психологија под надзор на д-р Арно Висман (Arnaud Wisman), покажува дека луѓето со високо ниво на креативни амбиции и постигнувања, постои веројатност да бидат особено незагрижени за смртта за разлика од луѓето кои не се креативни.
Во првата емпириска студија на анксиозно- визуелните функции на човековата креативност, за кои креативноста претставува централен дел од нивната културна идеологија, научниците ги проучувале наодите на 108 луѓе од истата група.
Студентите комплетирале два прашалници, за да се измери нивното ниво на креативни амбиции и достигнувања. Оние со рекорд на креативни достигнувања, во комбинација со високо ниво на креативни амбиции, се покажало дека помалку размислуваат за сопствената смрт, во споредба со оние кои имаат ниско ниво на креативни амбиции без оглед на нивните резултати од креативни достигнувања. Кај овие луѓе контролата за негативни мисли поврзани со смртта е на многу пониско ниво.
Наодите укажуваат на тоа дека оние кои се креативни и даваат значаен креативен придонес за својот живот и општеството имаат егзистенцијална безбедност кога се работи за смртта.