На Јупитер има повеке вода отколку на Земјата

Сондата Џуно открива дека Јупитер е потполно поинаква планета отколку што досега мислевме.

Новите сознанија кои се стекнати со помош на сондата Џуно, која орбитира околу Јупитер, наведуваат на заклучок дека на оваа планета би можело да има вода и дека уште како млада планета имала проблеми со развитокот уште при самото настанување. Нејзиното магнетно поле има два јужни пола, а уште многу други откритија не тераат да ја гледаме оваа планета во сосема ново светло.

Со помош на телескопот на хавајскиот Мауна Каји и опсерваторијата Кек, каде се наоѓа уред за кој Американците тврдат дека е најчувствителниот инфрацрвен телескоп во светот, пронајдени се докази дека во Големата црвена пега, Јупитеровата бура, има траги на вода.

За тоа допринесе и сондата Џуно, која може да се спушти најдлабоко во облаците на Јупитер од било кое тело досега кое е пратено од страна на човекот во Сончевиот систем. Ако знаеме дека Јупитер е многу богат со водород, а сега е откриен и кислород, значи дека на планетата постојат состојки за вода.

Она што засега е невозможно да се знае е колкава количина на вода има на Јупитер. Гордон Бјоракер од НАСА вели дека месечините кои орбитираат околу Јупитер се составено главно од вода, па поради тоа е логично да се претпостави дека е „наводнета“целата негова околина.

Оние малку похрабри научници, како Мета Адамковикс, професор по физика и астрономија на Универзитетот Клемонс во Јужна Каролина, тврдат дека тоа не може да значи и дека на Јупитер има живот.

Јупитер е гасовит џин кој тежи повеќе од двојно од сите останати планети од Сончевиот систем заедно. Иако 99% од атмосферата на Јупитер е составена од водород и хелиум, дури и трагови од вода би значеле дека таму има повеќе вода отколку на целата Земја. Поради тоа е невозможно да се исклучи можноста за постоење на живот, па макар и микроскопски.

“Таму каде потенцијално има течна вода не може да се исклучи можноста за постоење на живот”, вели Адамковикс, предупредувајќи на тоа дека сепак сме далеку од евентуално пронаоѓање на живот на најголемата планета од нашиот Сончев систем.

Поддржете ја нашата работа: