На секој му се случило да накисне додека има бура или да изгори на сонце во лето, но тоа не е ништо во споредба со местата на кои природата навистина нема милост.
Најопасните зони на Земјата ќе ги најдеме со помош на четирите причинители на природни катастрофи:
Водата отсекогаш била опасна за луѓето. Повеќето цунами (околу 71%) се јавуваат во Тихиот океан, меѓутоа проблем е тоа што времето за евакуација на луѓето трае помалку од 20 минути, па и натаму тие земаат многу човечки животи со себе.
Во 2004 година, најсмртоносното цунами во поновата историја однесе 280 000 животи во 15 земји по земјотресот што го погоди брегот на Суматра во Индонезија. Сепак дури и повеќе животи се изгубени од поплави на реки, на пример од летните поплави во Кина на реката Јанкцекјанг во 1931 година која убила милиони луѓе, иако покасно официјалните податоци го намалиле бројот на жртви. Денес, милиони луѓе живеат на поплавените рамнини на најголемата река во Кина.
Доколку го земеме во предвид воздухот, тогаш мора да го спомнеме африканските езера Монун, Ниос и Киву. Но тие не се најсмртоносни езера на светот поради водата, туку поради гаста. Езерските ерупции се ретки облици на природни катастрофи. Јаглерод диоксидот од длабочините се ослободува во ерупција и воздух. Температурата на гасот од таквите длабочини е значително пониска, при што на површината на луѓето им предизвикува истовремено студ и гушење.
Воздухот е причинител и на ураганите. Кога се зборува за оваа природна катастрофа, експертите проценуваат дека на Хаити и Венуату се најопасни места за живеење.
Земјата како причинител на природни катастрофи, го има произведено најсмртоносниот земјотрес досега во 1556 (Шанкси земјотресот во Кина), а бројот на жртвите, дури и ги надмина бројките од 800 000. Исто така расадот Сан Андреас, како место каде се спојуваат Пацифичката и Северноамеричката земјина плоча е место под огромен механички притисок.
Без оглед на тоа што местата се подложни на потреси, како што Лос Анџелес и Токио имаат можност да градат најнапредни згради кои штитат од потреси, многу пацифички држави не го можат тоа. Според атласот на природни катастрофи од 2015 година, 8 од 10 најзагрозени градови во светот се наоѓаат на Филипини.
Што се однесува на огнот, тој со себе носи топла вулканска лава. Етиопската пустина Данакил, е прогласена за најопасното место на планетата поради честата вулканска активност, и местоположба.