Најсимпатичната вселенска камера (видео)

Јапонската вселенска агенција (ЈАХА) ги објави првите фотографии и снимки направени на Меѓународната вселенска станица, од новиот „жител“ беспилотното летало – дрон, што може далечински да се управува од Земјата.

Според ЈАХА, снимките направени од  „Internal Ball Camera“ (или Int-Ball), можат да се прегледуваат во реално време од контролорите и истражувачите што се на Земјата и потоа да се испраќаат назад до членовите на екипажот.

„Int-Ball“ е целосно направен со 3Д печатење и ја користи постоечката технологија за беспилотни летала. Оваа мала камера, во суштина е лебдечка топка со прозрачни сини очи и изгледа како да е излезена диектно од продукцијата на „Pixar“. Дронот може да се контролира од Земјата од Цукуба вселенскиот центар на ЈАХА.

Дронот може автономно да лета и да се движи насекаде и да прави снимки од било кој агол. Тежи еден килограм, има дијаметар од 15 сантиметри и поседува 12 пропелери.

„Int-Ball“  им овозможува на истражувачите и контролорите од Земјата да ја проверуваат Меѓународната вселенска станица од иста гледна точка како екипажот, со што помага да се максимизираат резултаите од експериментите. Исто така, го намалува обемот на работа на јапонските астронаути на МВС за 10 проценти, преку снимање на работата и опремата кои инаку би требало да се прават рачно.

Овој симпатичен дрон беше однесен на јапонскиот модул „Кибо“ на МВС на почетокот на јуни.

Според ЈАХА во иднина, малите автономни дронови како „Int-Ball“ би можеле да се користат и за извршување на други работи во внатрешноста и надвор од МВС, како проверка на залихите, помагање на астронаутите во ракување со опремата или да вршат поправки и одржување на самата вселенска станица.

Поддржете ја нашата работа: