„NASA“ го лансираше најмодерниот метеоролошки сателит

Вчеравечер околу полноќ „NASA“ го лансираше најмодерниот метеоролошки сателит досега.

За ласнирање на сателитот беше задолжена ракетата од класата „Атлас 5“ и истото беше извршено од американскиот вселенски центар „Cape Canaveral“.

Ласнирањето беше одложувано во период од неколку часа додека тимовите на „NASA“ отклонуваа неколку технички проблеми, после што се изврши успешно лансирање.

„NASA“ го опишува „GOES-R“ – „Geostationary Operational Environmental Satellite-R“ како нешто што ќе ги унапреди моменталните стандарди и што ќе спасува многу животи во годините што доаѓаат.

„GOES-R“ меѓудругото ќе праќа и фотографии со висока резолуција на секои 5 минути од подрачја на временски непогоди и силни олуи. Со помош на овој сателит ќе се овозможи да добиваме поквалитетни информации и поточни временски прогнози што накрај би довеле до побрзо време на реакција на службите како и упатување на навремено предупредување за опасност што секако дека ќе спаси многу животи.

 

enauka.mk
9,269наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,191денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.