Десет години камерата на Орбиталниот истражувач на Марс на НАСА, снима прекрасни и научно многу драгоцени слики од Марс.
Овие слики се исклучително детални, што им овозможува на научниците да ги истражуваат карактеристиките на планетата на размер од само неколку метри, вклучувајќи го и местото каде неодамна се сруши лендерот Скиапарели.
Од 2054 –те најнови слики што беа објавени во август, септември и октомври, подолу ви прикажуваме некои од најдобрите.
Голем процеп
Неколку темни дини со боја на ‘рѓа на Кратерот Расел
НАСА би можела да го приземји следниот ровер на нуклеарен погон во 2020 година токму тука.
Црниот дел на сликата е местото каде се урна лендерот Скиапарели на Европската вселенска агенција, а белите точки посочени со стрелките, се деловите од лендерот.
Ова што изгледа како кожа од зебра, всушност е поле од дини, на делови покриено со минерални депозити со овална форма.
Можната локација за слетување на мисијата „ExoMars 2020“, што ја предводи Европската вселенска агенција
Дини на северниот пол наречени „Колхар“, според измислениот свет на Франк Херберт од романот „Дина“.
Чудните форми на јужниот пол на Марс што ги прави јаглеродниот диоксид кога преминува од цврста состојба во гас
Кратер направен од неодамнешен удар на Марс.
„Пајаците“ претставуваат ерупции од прав кога површината на Марс се загрева и лади
Слоеви од седимент на кратерот „Cerberus Palus “.
Стрмната падина на источниот Лавиринт Ночи
Дина на кратерот на Марс. (Црвената лента е артефакт од обработката на сликата)
Дини обликувани од ветер што се протегаат по испуканата почва на Нили Патера. (Зелената лента е исто така остаток од обработката при обработката на сликата)
Истите дини во целосна боја, два месеци подоцна.
Создавањето на „вртлози“ околу дините може да им овозможи на научниците да ги разберат промените на годишните времиња на Марс.
Уште едно потенцијално место за слетување на мисијата Марс 2020 година.
Алувијалните вртлози се некои од доказите за научниците дека некогаш на Марс имало вода
Откриеното камено тло на „Capri Chasma“ што некогаш можеби били исполнето со вода.
Кога Марс се одмрзнува
Извор: „Business Insider“.