Астероидите претставуваат една од најголемите закани што доаѓаат од вселената.
НАСА работи на напреден проект со кој има за цел да ги одбие ударите од астероиди кои би можеле да предизвикаат сериозни последици на Земјата.
Минатиот петок, вселенската агенција ги објави своите планови за пренасочување на движењето на мал астероид што се приближува кон Земјата, како дел од проектот наречен „Double Asteroid Redirection Test (DART)“.
Како што се наведува во соопштението, астероиди речиси секојдневно ја „напаѓаат“ Земјата, но повеќето се мали и согоруваат во атмосферата.
„DART“, кој е заеднички проект на НАСА и Лабораторијата за применета физика Џон Хопкинс во Мериленд, е наменет за големи астероиди кои не можат да се распаднат и доколку удрат во Земјата ќе предизвикаат големи штети.
„DART“ ќе биде првата мисија на НАСА што ќе демонстрира техника на кинетички удар, за одбивање на астероидите од орбитата на Земјата. Тестирањето ќе започне со мали астероиди кои не се опасност за Земјата“ – се вели во соопштението.
Целта на ова тестирањето ќе биде астероидниот систем наречен Дидимос. Дидимос (што на грчки значи близнак) петставува бинарен систем кој се состои од еден поголем астероид-Дидимос А и еден помал-Дидимос Б, кој орбитира околу неговиот поголем сосед.
Во октомври 2022 година, кога Дидимис ќе се приближи до Земјата, НАСА ќе лансира летало со големина на фрижидер, чија цел ќе биде Дидимис Б. Леталото ќе го удри помалиот астероид при брзина што е речиси девет пати поголема од брзината на куршум, или приближно 6 километри во секунда.
Преку опсерваториите на Земјата научниците ќе можат да го следат ударот и да ги проучуваат неговите ефекти, со цел да се утврди дали со оваа техника ќе може успешно да се пренасочат астероидие чиј удар би предизвикал катастрофални последици на Земјата.
„DART“ претставува клучниот чекор во демонстрацијата на тоа дека можеме да ја заштитиме планетата од идните удари од астероиди. Со „DART“ ќе може да покажеме на кој начин со помош на техниката со кинетички удар ќе ја пренасочиме насоката на движење на опасното тело, такашто тоа нема да претставува опасност за Земјата“ – вели Енди Ченг, еден од водачите на тимот од Џон Хопкинс.
Погледнете како тоа ќе изгледа