Вселенското тело 16 Psyche е едно од најпознатите мистериозни објекти во Сончевиот систем, а научниците наскоро ќе бидат во можност да го набљудуваат одблизу, благодарение на мисијата на НАСА.
Вселенската агенција, оваа недела објави дека ќе лансира сателит кон астероидот, една година порано од планираното, во 2022 година, и ќе стигне четири години порано од планираното, во 2026та година.
Доколку целиот астероид би можел некако да се донесе на Земјата, само посакуваното од него би чинело 10.000 квадрилиони, што ќе биде доволно да ги сруши сите цени и целосно да ја уништи светската економија.
16 Psyche се наоѓа во голем астероиден појас помеѓу Марс и Јупитер, кој можеби некогаш бил планета, но е уништен во текот на формирањето на Сончевиот систем.
Астероидот е парче метал, широко 200 километри, по состав од железо, никел и бројни ретки метали како злато, платина и бакар. Станува збор за единствен таков познат астероид во Сончевиот систем.
“Тимот кој ја дизајнира мисијата истражуваа дали поместувањето на датумот на лансирањето ќе ни овозможи патот до астероидот да биде поефикасен, и заклучија дека покрај тоа, една година порано лансирање ќе ги скрати трошоците за половина” вели Џим Грин, директор на одделот за планетарна наука во НАСА.
Новиот пат ќе ја користи гравитацијата на Марс, а ќе се лета подалеку од Сонцето од првично планираното, за да не биде потребна скапата заштита од сончевото зрачење. Така ќе можеме значително порано да го осознаеме тој неверојатен метален свет.
Научната цел на мисијата на 16 Psyche, е да се разбере формирањето на планетите и да се истражи целосно нов и неистражен дел.