Роботското летало „Инсајт“ на НАСА, кое од ноември минатата година се наоѓа на Марс забележа благ земјотрес на Црвената планета.
Според информациите, мониторот за земјотреси кој е вграден во леталото, регистрирал слаб сигнал на 6 април, а научниците одлучиле ваквата вест да ја споделат во јавноста.
Иако е забележан шум кој потсетува на нежен ветер, научниците веруваат дека звуците доаѓаат од внатрешноста на Марс.
Францускиот научник, Филип Лонжон, кој е задолжен за овој експеримент бидејќи европските вселенски агенции го опремиле леталото „Инсајт“, рекол дека возбудливо е тоа што конечно имаме доказ оти планетата е сеизмички активна.
Научниците продолжуваат да ги анализираат добиените податоци, како и три послаби сеизмички сигнали што се забележани.