Научниците конечно откриле начин за лечење на вирусните инфекции?

Меѓународен тим од научници под водство на „RMIT“ Универзитетот во Мелбурн, откриле потенцијален начин за лечење на вирусните инфекции, меѓу кои и на грипот и настинката.

Секоја година само во Австралија пради грип се хоспитализираат 13.500 лица и има околу 3.000 смртни сучаеви особено меѓу лицата над 50 години.

На глобално ниво се работи за над пет милиони заболени, од кои 10 проценти резултираат со смрт.

Истражувачите откриле дека еден биолошки процес стар 1,5 милијарди години кој се одвива во билките, габите и цицачите, го зголемува ширењето на вирусите кај глувци и дека е многу веројатно дека истото се случува и кај човекот.

Тие го идентификувале протеинот Nox2 оксидаза, кој се активира од страна на вирусите, вклучувајќи го и вирусот на грип, риновирусите, денга и ХИВ вирусот. Кога ќе се активира Nox2 оксидазата ја потиснува способноста на телото да се бори против инфекцијата.

Истражувавачите откриле дека протеинот Nox2 оксидаза, кој се активира од вирусите е лоциран во дел од клетката што се нарекува ендозом. Тие направиле модификација на една хемикалија која го инхибира или ограничува дејството на Nox2.

Се покажало дека овој прилагоден лек успешно ги сузбива инфекциите предизвикани од вирусот на грип.

„Третманти што сега ни се на располагање имаат имаат многу мал или непознат ефект врз вирусите. Ние идентификувавме протеин од имунолошкиот систем кој допринесува за развој на болеста предизвикана од вирусите на грипот. Исто така развивме нов систем кој влијае на овој протеин и драстично ги ублажува последиците од вирусната инфекција“вели др.Ставрос Селемидис од „RMIT“ Универзитетот.

Истражувањето е објавено во списанието „Nature Communications“.

Поддржете ја нашата работа: