Науката позади човечката храброст

Додека Р. Толкин пишувал дека храброста може да се најде на необични места, научниците всушност навистина откриле каде се наоѓа храброста.

Истражувачите од Универзитетот во Упсала и бразилскиот Државен Универзитет откриле дека група клетки кои се “закопани” во хипокампусот на човечкиот мозок, ја игра клучната улога во соочување на човечкиот страв.

Научниците објаснуваат дека со манипулација на невронските клетки oriens-lacunosum moleculare (OLM), може да се влијае на тоа колку личноста е загрижена, или колку е спремна да ризикува.

“Откривањето на улогата на овие неврони го осветлува она што е основа на когнитивните и емоционалните процеси на храброст и отвара нов пат за научниците да се справат со анксиозноста. OLM-клетките го синхронизираат регионот на мозокот кој ја контролира анксиозноста, или барем го минимизира”, вели авторот на студијата Д-р. Сања Микуловиќ.

Истражувачите сметаат дека антидепресивите се осмислени да влијаат на овие клетки и затоа можат да допринесат во ефикасноста на лекувањето од анксиозност. Истиот истражувачки тим потврдува дека OLM клетките се доста осетливи на никотин, што покажува дека овие клетки можат да објаснат зошто луѓето пушат кога се вознемирени.

Без разлика дали сте планинар кој сака да освојува врвови, или личност која живее во постојан страв, мала манипулација на клетките во вашиот хипокампус е она што е потребно за да станете похрабри.

Поддржете ја нашата работа: