Не постои прифатлива доза на Кока Кола. Штетна е!

Една графика направена од „Renegade Pharmacist“- блог што го води поранешен фармацевт од Велика Британија, Нирај Наик, покажува што точно се случува во нашето тело, еден час после пиењето на една лименка кока-кола>

Почнувајќи од мозокот, срцето, белите дробови, забите, скоро и да нема орган во телото кој не е зафатен од дејството на засладените кола пијалоци. Потребни се само 10 до 20 минути, пред 10-те лажички шеќер од пијалокот (што е еднакво на дневната препорачана доза) да почнат да делуваат на нашиот систем. Шеќерот во крвта се покачува, што предизвикува излив на инсулин, кој пак го „мами“ црниот дроб да ги претвора сите шеќери во масти.

Четириесет минути после пиењето на лименка кока-кола, откако ќе се ресорбира кофеинот, ќе може да ги почувствувате неговите ефекти. На пример, може да забележите дека зениците ви се проширени, дека ви се покачува крвниот притисок, а поради блокада на аденозинските рецепторите не чувствувате поспаност. После 45 минути, нашето тело почнува да ја зголемува продукцијата на допамин, што доведува до стимулација на центарите за задоволство во мозокот, а ова е истиот ефект што го има хероинот врз мозокот.

Иако целото внимание му се посветува на дододениот шеќер, всушност, комбинацијата на шеќерот и една друга состојка – фосфорната киселина, е тоа што ги прави овие пијалоци толку штетни за здравјето. Фосфорната киселина е без мирис и боја и може да создава токсични испарувања ако се комбинира со алкохол, кетони и други органски состојки. Па сега, дали ова ви се чини како нешто што сакате да го имате во вашето тело?

Кока-кола ја користи фосфорната киселина за да ја намали сладоста на пијалокот. Фосфорната киселина, исто така ги врзува калциумот, магнезиумот и цинкот во цревата, предизвикувајќи промени во метаболизмот. Едно истражување објавено во 2007 година покажува дека фосфорната киселина доведува до оштетување на глеѓта на забите дури и во мали количини.

1. Првите 10 минути

10 лажички шеќер влегуваат во вашиот систем (еднакво на дневната препорачана доза). Нема веднаш да почнете да повраќате од преголематa засладеност, затоа што фосфорната киселина го намалува вкусот.

2. 20 минути

Шеќерот во крвта „скока“, предизвикувајќи наплив на инсулин. На ова, црниот дроб реагира со тоа што ги претвара сите шеќери што му се достапни, во масти ( а во тој момент ги има многу).

3. 40 минути

Ресорпцијата на кофеинот е комплетна. Вашите зеници се шират, крвниот притисок расте.

4. 45 минути

Вашето тело ја зголемува продукцијата на допамин и ги стимулира центрите за задоволство во мозокот. Ова е физики истиот начин на кој што делува хероинот.

5. 60 минути

Фосфорната киселина ги врзува калциумот, магнезиумот и цинкот во вашите црева. Ова, заедно со големото количество шеќер и вештачки засладувачи го  зголемува излачувањето на калциумот преку урината.

6. >60 минути

Се појавуваат диуретските својства на кофеинот (што ве тера да мокрите). На тој начин ќе го исфрлите врзаниот калциум, магнезиум и цинк наменет за вашите коски, како и натриумот , електролитите и водата.


Поддржете ја нашата работа: