Neutrogena го претстави нејзиниот iPhone-скенер кој детектира проблеми со кожата

Johnson&Johnson, компанијата која е сопственик на брендот Neutrogena, пред неколку дена го објави нејзиниот додаток за iPhone. Станува збор за скенер и апликација кои би требало да ни помогнат да ги воочиме сите проблеми кои не се јавуваат во врска со кожата.

Овој гаџет, наречен Skin Scanner се прицврстува на горниот дел на телефонот и користи комбинација од сензори, а на корисниците треба да им овозможи приказ на зголемена слика од кожата. Скенерот е безжично синхронизиран со мобилната апликација Skin360, која го покажува здравјето на кожата и дава совети за начинините на кои може да го подобрите нејзиниот изглед.


Овој производ ќе биде претставен на годишната CES конференција која започна оваа недела во Лас Вегас. Овој скенер е последниот во низата на производи за разубавување кои се појавија во последните години, а кои претставуваат најстојување на компаниите, традиционалните производи да ја усвојат дигиталната стратегија за да се дојде до помлади, технички писмени потрошувачи. SkinScanner е направен во соработка со компанијата Fitskin од Њу Јорк.

Скенерот користи 12 LED светло и леќи за зголемување од 30 пати, за да ја опфати структурата на кожата од поблиску. Поседува и сензор за влага. Отворете ја апликацијата, притиснете ја справата директно на лицето и направете серија од фотографии. Фотографиите ќе ви го покажат нивото на влажност, брчките и големината на порите. Апликацијата ја споредува ваѓата кожа со други корисници на ваша возраст и дава резултат на скала до 100 за секоја од категориите.

Освен тоа, апликацијата има и копче за унапредување на состојбата на кожата кое ве води до Neutrogena производот кој ви е потребен. Тука веќе станува збор за индиректно убедување на потенцијалниот потрошувач.

Скенерот функционира само со iPhone и насочува исклучиво кон производите на Neutrogena, но се очекува проширување на понудата. Изгледа дека сензорот за влажност на кожата може да биде интересен, но повеќето дерматолози сметаат дека таквите гаџети доведуваат до погрешно однесување на потрошувачите кое може да заврши со фатални последици.

Што мислите вие? Станува ли збор само за маркетингшки трик или напредната технологија со негова комбинација ќе доведе до обострана корист?

Овој производ е веќе достапен по цена од 50 долари.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,235од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.