Нов пристап за лекување на Паркинсоновата болест

Паркинсоновата болест една од најчетите невродегенеративни зболувања. Според статистиките, повеќе од 10 милиони луѓе во светот страдаат од оваа болест. Се јавува како резултат на дегенерацијата на клетките во мозокот кои создаваат допамин,  кој е важен за контрола на центрите во мозокот одговорни за движењата и координацијата. Не е познато што ги уништува клетките, но нивниот недостаток, меѓу другото предизвикува премор и потешкотии во движењето. На заболените им се препишуваат лекови за ублажување на симптомите, но болеста е неизлечива. Затоа научниците се обидуваат да ги компензираат оштетените неврони преку трансплантација на нови здрави неврони во мозокот, која пак е поврзана со ризикот од некомпатибилност.

Сепак, истражувачите од Институтот Каролинска во Шведска откриле друг пристап, кој не бара трансплантација на клетки. Тие успеале да направат репрограмирање на астроцитите – клетки кои се наоѓаат во мозокот, да почнат да продуцираат допамин и да ја преземат улогата на уништените неврони.

Тестирањата на глувци со симптоми слични на Паркинсон покажале дека со овој третман се намалуваат симптомите на болеста.

И покрај ветувачките резултати, научниците нагласуваат дека истражувањето е во почетна фаза. Ќе бидат потребни дополнителни истражувања за да се покаже дека репрограмирањето не ги менува другите клетки во мозокот. Дури тогаш ќе може оваа техника да се тестира на луѓе, но научниците се надеваат дека овој пристап ќе стане одржлива терапија со која би се подобрил животот на луѓето со Паркинсонова болест и конечно да доведе до нејзино излекување.

 

Поддржете ја нашата работа: