Советодавниот одбор на американската агенција за храна и лекови FDA дава клучна препорака за прекршување на терапијата за лекување на ракот, пишува Business Insider.
Станува збор за лекот CTL019, третманот за педијатриска акутна лимфобластна леукемија и повеќето гласале со 10:0 за препорака на токму тој лек кај споменатата дијагноза.
„Мислам дека тоа е највозбудливата работа која ја имам видено во својот живот како лекар“, вели Д-р. Тим Крајп, онколог кој ги потврди поволните ефекти од третманот пред одборот.
Високо персонализираниот третман се нарекува CAR T-клеточна терапија. Тоа е тип на имунотерапија за рак, односно лекување во кое се поттикнува сопствениот имунолошки систем во напад против малигните клетки.
Постапката вклучува земање на сопствени клетки од пациентот, нивно отстранување од телото, инженеринг на нив и потоа враќање во телото каде ги елиминира клетките на ракот. Новартис терапијата денес е една од револуционерните третмани за сите видови на рак која треба да биде одобрена оваа година.
Следниот месе, друга компанија пак Kite Pharma, очекува одговор за предложено лекување со агресивен третман. Во податоците кои се објавени, од 101 пациент, дури 36 отсто од нив имале целосен одговор на третманот за шест месеци.
Кај типот на рак за кој Новартис сака да добие одобрување од 51 пациент, 23 имале целосен оговор на терапијата, што значи дека ракот исчезнал во целост, додека кај останатите третмани се појавува делимичен одговор, што значи дека ракот покажал знаци на намалување.
Овие се предизвиците кои претстојат за новите третмани:
– Не се ефтини. Се смета дека еден третман може да чини и до 300 000 долари;
– Производството на лекот не е едноставно, бидејќи е високо персонализиран, и за секој човек треба да се изработува посебно;
– Ваквите видови на лекувања во минатото знаеа да имаат смртоносни несакани ефекти.