Нова технологија што и не е така нова: РАКЕТЕН ПОЈАС

Иако оваа технологија постојано се развива уште од 1980 година, познато е дека првиот ракетен појас во светот полетал во 1958 година. Бил дизајниран од Вендел Мур, истражувач во „Bells Aerosystems“.

Венделовиот прототип можел да достигне височина од 5 метри и да остане во воздух 3 минути. Ова го привлекло вниманието на армијата на САД, која го финансирала проектот со 150 000 долари. Подоцна биле направени неколку пробни летови за армијата на САД, па дури и лично за Џ.Ф. Кенеди. Армијата подоцна го прекинала финансирањето, бидејќи проектот не бил доволно убедлив.

НАСА исто така сакала да го искористи ракетниот појас за мисијата „Аполо 11“, како подршка во случај нивниот лунарен модул да откаже. И тие подоцна се предомислиле и наместо за ракетниот појас се одлучиле за лунарниот ровер. После овој неуспех, компанијата ги прекинала понатамошните истражувања за овој проект.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt