Зошто е важно да го знаеме семејното стебло?

Ви се случило ли да отидете на семеен настан и буквално да се чудите кои се луѓето таму? Па и оние кои не се веќе на овој свет. Одиме на гробишта, палиме свеќи, оддаваме почит. Знаеме ли кому?

Човековата историја и развој се темели на пренесување на животните искуства и настани на идните поколенија, човековиот живот никогаш не започнува ни завршува со нас, сите сме дел на една поголема целина од еден континуитет на луѓе настани и искуства.

Ако некогаш во животот сте направиле истражување за вашата семејна историја, како што е пребарување по архива или разговор со постарите членови на семејството, еве неколку причини зошто е тоа добра идеја со која треба да продолжите да се занимавате.

  • Ќе се чувствувате помудро.

Во 2014 година, ⅓ од  возрасните го користеле интернетот за да дознаат повеќе за историјата на семејството.
67% одговориле дека познавањето на сопствената семејна историја прави да се чувствуваат помудри како личности.
72% одговориле дека им  помогнало да се зближат со постарите роднини.
52% велат дека откриле претходно непознати предци.

  • Приказните на ПРВИОТ човек и семејните истории се важни историски документи.

Вие правите услуга со оставањето на наследство, без оглед колку е мало или големо.
Интересните приказни во вашиот живот со текот на времето стануваат здодевни за вас. Не заборавајте дека им се интересни на оние кои ги слушаат прв пат.

  • Вие сте важна личност. Вие имате што да им оставите на вашите деца, на локалната средина и историја, на идните генерации.

„Целата приказна за човештвото доаѓа до нас од индивидуални гласови од минатото.”- цитат од книгата Family Focused: A Step-By-Step Guide to Writing Your Autobiography and Family History, Janice T. Dixon, 1997.

  • Вие и вашето семејство сте важни за некого, всушност за многумина.

Филмот „It’s a Wonderful Life“ е прекрасен пример за  начините на кој  еден живот допира многу други.

  • Семејните стебла се апстрактни. Приказните додаваат длабочина.

Имињата од минатото стануваат вистински, живи луѓе. Семејните приказни ви помагаат на вас и вашето семејство да станете повеќе од датум на раѓање и смрт.

  • Спомените со текот на времето почнуваат да стануваат фрагментирани и искривени. Затоа е важно да ги запишете.

Но, и тоа има свои правила. Пишувањето на вашата семејна историја ви дава шанса да ги отсликате вашите предци како што ви одговара. Немате право да ја менувате историјата на предците. Во 2004 година, Индијанците реагираа за претставување на нивните предци во документи за Луис и Кларк.

  • Постои потреба за разноликост во семејните истории, посебно за оние групи кои се помалку застапени во историските текстови.

„За припадниците на маргинализираните групи, личното и искреното зборување за нашите животи, игра мала улога во бришењето на годините на невидливост и толкувањето од страна на другите“  цитат од книгата Writing the Memoir: From Truth to Art, Judith Barrington, 1997.

  • Постои потреба за поголемо документирање на женските линии во семејните истории.
  • Постои потреба за повеќе семејни истории за семејства кои не се богати. Генеaлогијата во минатото била достапна  првенствено за богатите и влијателните.
  • Семејните истории ги хуманизираат луѓето кои сте ги познавале/познавате и помагаат да ги запаметите и пренесете на потомците.
  • Информациите покренуваат прашања. Генеaлошките истражувања значат нови факти во вашиот живот.
  • Може да ви помогне да ја разберете вашата сегашна семејна динамика.
  • Ќе ви помогне да ја изградите или да ја зацврстите смислата за семејството.

„Претпоставувам дека семејната историја е поважна од која било друга историја, едноставно затоа што семејството е основна единица на општеството” – цитат од книгата For All Time: A Complete Guide to Writing Your Family History, Charley Kempthorne, 1996

  • Пишувањето само по себе е рефлективно. Пишувањето е инвестиција во себе и може да има терапевтски ефекти.
  • Без оглед кои сме и каде сме денес, се започнува од корените.
  • И за крај, не се разочарувајте доколку податоците за животите на вашите предци се изгубени. За сите луѓе постојат некаде докази дека постоеле.
Поддржете ја нашата работа: