Новинарите претеруваат: Нема опасност од Астероид

Веќе неколку денови по светските и домашните медиуми и интернет портали се шири веста за потенцијална можност Земјата да ја погоди џиновски астероид, притоа употребувајќи вистински хорор наслови што можат да го вознемират обичниот читател и граѓанин се’ со една цел – поголема гледаност или кликови на нивниот портал.

Се работи за еден од астероидите (2003 SD220) што ги мониторираме со помош на софистицирана радарска технологија, која покрај супер прецизно предвидување на траекторијата на објектот може да даде дури и 3Д слика на истиот.

Според податоците од радарот, овој астероид ќе помине покрај Земјата на растојание од 2,5 милиони километри (6% од растојанието до Венера), ако се знае дека истиот е со големина од околу 1 км опасноста е непостоечка.

Нормално радарот покрај овој астероид мониторира уште многу други слични, но сега за сега нема потреба за никакви стравови и преувеличување на работите, па затоа пред да поверувате на некоја премногу бомбастична вест добро проверете ги изворите и информациите.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,233од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.